Кипарска Докса и официјално го потврди Дамјан Шишковски како ново засилување, без притоа да каже дека е репрезентативец на Македонија и посочи дека доаѓа од Скопје.

Македонскиот репрезентативен голман, одлучи да не го продолжува договорот со Работнички и да ја прифати понудата од Кипар.

„Докса може да потврди дека ја започна соработката со голманот од Скопје, Дамјан Шишковски. Тој одлучи да се бори за бројот еден, му посакуваме добредојде во фамилијата на Докса и му посакуваме голем успех.“ – велат од фудбалскиот клуб Докса.

Шишковски во Докса ќе игра со неговиот поранешен соиграч од Работнички, Душко Трајчевски.