Шкендија извојува победа на гостувањето кај Силекс во 19 коло од ПМФЛ а стрелец на голот кој донесе три бода за лидерот во домашното првенство беше Љупче Дориев.

„Знаевме дека сме во проблеми, затоа што Силекс секогаш игра добро на својот терен. Бевме во негатива, но некако најдовме решение и стигнавме до победата. Многу сум среќен што мојот гол му помогна на тимот да дојде до предвидената цел. Важно беше да го започнеме пролетниот дел од сезоната со победа.“ – изјави Дориев.

За Дориев ова беше шести овосезонски гол во ПМФЛ за Шкендија а има и осум асистенции што воедно го потврдува фактот дека тој е еден од најдобрите во ПМФЛ.