Љупче Дориев со гол и асистенција во ремито на кај Шкипи во 1 коло од ПМФЛ, ја започна новата авантура во неговата кариерата.

Најголемото летно засилување на Шкендија е задоволен од личниот учинок но не и од резултатот, ова го потврди во изјава за сајтот на тетовскиот прволигаш.

„Би го заменил голот и асистенцијата со три бода за дуелот во Скопје. За жал, не делка ремито е лош резултат, но бевме блиску да го свртиме резултатот и мислам дека заслуживме пресврт. Ова ме мотивира, беше само прв натпревар за мене во овој дрес, верувам дека тимот наскоро ќе го фати потребниот ритам.“ – изјави Дориев за клупскиот сајт на Шкендија.

Шкендија ја очекува и првиот европски тест, натпревар во Азербејџан на 27 август против Сумгаит во првото квалификациски коло од Лига Европа.

„Во квалификациите за Лига Европа нема лесни натпревари или лесни противници, Сумгаит не е наивен тим воопшто. Нема да биде лесно но верувам дека ќе успееме да се квалификуваме во следната рунда.“ – објаснува Дориев.