Борусија Дортмунд го пречекува ПСЖ, осминафинале во Лигата на шампионите, изразит фаворит нема, двете екипи играат неверојатно ефикасно.

Интересно е тоа што двете екипи досега се сретнале само два пати, и два пати одиграле нерешено, во Европа лигата пред 9 години, двата дуела завршија без победник, 0-0 и 1-1.

Дортмунд на првите пет средби постигна 23 гола во Бундеслигата, ги имаат одличните млади ѕвезди, Халанд и Санчо, сметаат на својата офанзивна и ефикасна игра.

ПСЖ  со Нејмар и Мбапе во составот има обврска да победува на секој натпревар. Францускиот шампион сепак често мачи во нокаут рундите на УЕФА, ефикасни се, немаат повредени играчи, во прашање е само Нејмар и неговата физичка подготовеност.

Средбата, Борусија Дортмунд – ПСЖ се игра вечерва од 21 часот.