Натпреварот од Суперкупот на Јапонија, меѓу екипите на Витсел Кобе и на Јокохама Маринос во регуларниот дел заврши со резултат 3:3, па победникот се решаваше со серија на пенали.

Се случи нешто невидено. При 2:2, двете екипи промашија девет пенали едноподруго. Витсел Кобе конечно постигна гол и со него го освои трофејот, 3:2 или вкупно 6:5.

Во составот на Витсел Кобе играше и легендарниот играч за врска на Барселона, Андрес Иниеста, кому ова му е втор трофеј со Витсел Кобе, откако претходно го освои и Купот на Јапонија.