Фудбалерите на Работнички викендов на домашен терен против Шкупи ќе се обидат да ја прекинат низата без победа во ПМФЛ.

11 коло од домашното првенство кое беше одложено за една недела, треба да покаже дали избраниците на Достаниќ можат да го надградат резултатот од гостувањето кај Шкендија и освоениот бод во 10 рунда.

„Имавме малку повеќе време за да се подготвиме и сакаме да продолжиме од моментот на добрата игра против Шкендија во Тетово. Би сакал тимот да го краси истата одважност и самодоверба што ја покажа против Шкендија и на претстојниот меч против Шкупи. Ги знаеме квалитетите на следниот ривал, посебно на неколку индивидуалци кои можат да решат натпревар со сопствен квалитет, но Работнички продолжува со својот начин на игра, тимски, борбено и самоуверено на секој натпревар. Не очекува тежок натпревар, но верувам дека момците ќе се претстават во добро издание и дека ќе оствариме позитивен резултат.“– изјави тренерот на Работнички, Ратко Достаниќ за клупскиот сајт.