Иако се очекуваше ова лето како слободен играч да го напушти тимот на ПСЖ , германскиот интернационалец Јулијан Дракслер ги изненади сите и го продолжи договорот со Францускиот прволигаш.

На инсистирање на новиот тренер Маурисио Покетино, Германецот доби нов тригодишен договор, кој радо го прифати. Дракслер имаше многу понуди од европските гиганти меѓу кои Арсенал, Јувентус, Баерн Минхен и други, но реши да остане во Париз, каде игра од 2017 година.

Дракслер кариерата ја започна во Шалке 04  каде играше од 2011 до 2015 година па мина една сезона во Волфсбург пред да се пресели во Париз.

За тимот на ПСЖ досега има одиграно 173 натпревари и постигнато 24 голови.