Дресот што Диего Марадона го носеше кога го постигна прославениот гол „Божја рака“ на мечот против Англија на СП 1986 година во Мексико на аукција би можел да достигне цена од фантастични два милиони долари.

Дресот денес е сопственост на поранешниот англиски репрезентативец Стив Хоџ, кој го доби од Марадона по мечот на Мундијалот во Мексико.

Одев во тунелот, а Марадона доаѓаше од спротивен правец. Само го соблеков својот дреси и ги заменивме, таму, тогаш“, изјави своевремено Хоџ.

Дресот сега е исложен во Англискиот национален фудбалски музеј во Манчестер.

Многу е тешко да се одреди вредноста на дресот Божја рака, но знам дека сопственикот бара два милиони долари на приватна аукција“, изјави американскиот експерт за антиквитети Дејвид Амерман.