Јержи Дудек беше херјот на Ливепрул точно пред 15 години во финалето против Милан од Лигата на шампионите. Ливерпул се врати од негатива од три гола, а победникот беше решен по изведувањето на пеналите.

Милан имаше шанса повторно да го шокира Ливерпул но ударот на Шевченко во завршницата од регуларните 90 минути магично го одбрани Дудек.

„Вистината е дека ни јас сам не знам како го одбранив ударот на Шевченко, тоа се оние моменти кои се се случува во дел од секундата, ми помогна мојот рефлекс но секако имав и среќа. Му реков на Шевченко, не грижи се пријател, ти имаше свои три минути против Јувентус во 2003 година, сега јас ги имам моите пет минути во Истанбул.“ – вели Дудек.

Во продолжение се потсетуваме на најдоброто од големото финале кое влезе во историјата како едно од највозбудливите од постоењето на Лигата на шампионите.