Во Италија изминатиот викенд беа одложени голем број на натпревари од Серија А како резултат на коронавирусот кој ја зафати оваа земја. Најпогодени реони беше Ломбардија  во Северниот дел на земјата.

За разлика од натпреварите во Серија А, Интер и Лудогорец сепак ќе го одиграат реванш дуелот од Лига Европа на „Џузепе Меаца“ пред затворени врати. Имено, УЕФА не дозволи овој меч да се одложи, а најголеми критики за ваквиот потег доаѓаат од 600.гостински навивачи кои веќе имаа купено билети.

Интер славеше со 2-0 во првиот натпревар и веќе е на чекор до пласман во осминафиналето во Лигата на Европа.