Капитенот на Ајакс, Душан Тадиќ беше видно фрустриран по синоќешното реми на гостувањето кај Челси во рамки на Лигата на шампиони и покрај тоа што холандскиот гигант имаше огромна предност од 1-4. Според него главен виновник за кам-бекот на „сините“ беше судијата Џанлука Роки, кој во еден напад дури двајца играчи добија црвен картон згора на сè Челзи во истиот напад доби и пенал.

 

„Би требало да разговараме за нашата игра, имавме 4-1 и контрола врз натпреварот, а тогаш еден човек ни украде сè. Разочаран сум. Требаше да зборуваме за тоа како Ајакс игра добар фудбал, но не можеме поради човекот кој ни го украде моментот”, изјави Тадиќ.

Спорниот момент на натпреварот се случи во 68. минута кога Блинд стартуваше над Абрахам, а во продолжението на акцијата топката го погоди Велтман во рака. По оваа ситуација Челси доби удар од белата точка, додека двајцата дефанзивци на Ајакс беа исклучени.