Душко Трајчевски останува на Кипар, потпиша договор со екипата на Докса, го напушти Алки кој  испадна од елитната дивизија на оваа земја.

Трајчевски (28) е поранешен капитен на Работнички, минатата година се пресели кај Алки, одигра вкупно 25 натпревари за овој клуб кој испадна од елитата. Кариерата ја започна во Тетекс, продлжи во Локомотива Скопје од таму се пресели  кај Работнички.