Во Премиер лигата се направени 996 тестови, од кои два примерока се позитивни. Меѓу тестираните се фудбалерите, тренерите и сите нивни помошници, како и сите вработени во клубовите од Премиерлигата.

Два позитивни случаи се од различни тимови. Ова е втор колективен тест кој е извшрен, а во првиот од 748 лица, шест беа позитивини на КОВИД-19.

Сезоната во Англија е прекината на 13.март, тимовите по пауза од два месеци се вратија на тренинзите, а во медиумите се шпекулира дека сезоната ќе продолжи на 12.јуни.