Парма потврди дека двајца нивни фудбалери се изолирани, откако беа позитивни на КОВИД-19. Во изјавата на клубот е потврдено дека сите членови на тимот и персоналот, извршиле и двојни брисеви и крвни тестови.Сите тестови се  негативни, освен двајца фудбалери, кои се асимптоматски и се изолирани.

И двајцата беа позитивни на првиот тест и негативни на вториот што беа направени во рок од 24 часа подоцна. Спортистите, се во одлична состојба, асимптоматски се, но сепак се веднаш изолирани и клубот постојано ќе ги следи“- се вели од тимот на Парма.

Остатокот од екипата се наоѓа во тренинг центарот на клубот и на 18.мај ќе започнат со групни тренинзи, одлука која е потврди Премиерот на Италија.