Најавениот рестарт на првата и на втората Бундес лига за 16 мај најверојатно ќе биде одложен. Ова доаѓа откако двајца играчи на второлигашот Динамо Дрезден биле позитивни на второто тестирање на коронавирус.
Проблемот е во тоа што овие двајца играчи биле присутни на групните тренинзи на Динамо во последните два дена па сега цел тим е ставен во 14 дневен карантин.
Поради новиот предизвик, челниците на лигата сега мора добро да размислат што ќе прават понатаму и дали лигата ќе може да продолжи.
Zwei neue Corona-Fälle – Dynamo zwei Wochen in Quarantäne! https://t.co/wV7nvC17SI #Sport #News
— BILD Sport (@BILD_Sport) May 9, 2020
Германските власти и првите луѓе на фудбалот во Германија се очекува наскоро да излезат со повеќе детали во однос на најавениот рестарт и за ситуацијата во Динамо Дрезден.
Comments are closed for this post.