Полицијата во Лондон уапсила две лица кои се обиделе физички да се пресметаат со обезбезбедувањето на Месут Озил пред неговата куќа.

Семејствата на Озил на Колашинац се под 24 часовна заштита а проблемите со локалната мафија продолжуваат, пренесуваат медиумите од Англија.

Колашинац и Озил не се во составот на Арсенал за денешната средба со Њукасл а според островски „Сан“ сопругата на Колашинац заминала во Германија поради настаните кои една недела ја брануваат јавноста во главниот град на Англија.

Во четвртокот двајцата напаѓачи се обиделе да му го украдат возилот на Германецот по што Колашинац се впуштил во физичка пресметка и ги спречил во намерата.

На ова следувале уште неколку инциденти од кои еден посериозен кога еден од напаѓачите со нож се обидел да го повреди дефанзивецот на Арсенал.

За утре се најавени повеќе детали околу ситуацијата иако останува непознато кога ќе се вратат во екипата на Арсенал, Озил и Колашинац.