Од Франција стигнува вест дека наскоро 12 големи европски клубови службено ќе го објават планот за основање Суперлига.

Мохамед Бухафси, уредник на РМЦ Спорт, тврди дека договорот го склопиле Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Манчестер Сити, Арсенал, Челзи, Тотенхем, Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Јувентус, Интер и Милан.

Во Суперлигата засега нема германски и француски клубови. Бухафси наведува дека Баерн и ПСЖ сакаат да остана со УЕФА и така да ја засилат својата позиција внатре во таа организација. Суперлигата би требало да има 20 клубови, 16 кои ќе бидат цело време и четири кои пласманот ќе го заработат преку домашните првенства. Би била поделена во две групи од по 10 тима, во четвртфиналето би минувале најдобрите четири од двете групи.

Да потсетиме, УЕФА утре би требало да го претстави планот за новата Лига на шампиони. Според тој план од сезоната 2024/25 во најсилното европско натпреварување би настапувале 36 клуба и не би се играла групна фаза. Би имало повеќе натпревари и поголема заработка за клубовите.

Меѓутоа, најголемите европски клубови не се задоволни ниту со оваа промена и сакаат лига само за себе. Италијански Газета Дело Спорт јавува дека УЕФА на овие клубови ќе им се закани со исфрлување од своите натпреварувања.