Грузија вечерва ја загуби битката со Македонија за пласман на Европското првенство и остана без селектор, откако Мирослав Вајс најави заминување од должноста.

Словачкиот стратег на клупата на Грузија го призна поразот и оцени дека Македонија повеќе од заслужено избори пласман на ЕП.

Имавме само еден шут кон противничкиот гол и тоа е премалку“ – оцени Вајс.

Тој најави дека ќе остане на клупата на Грузија на преостанаите два натпревари во Лигата на нации, против Ерменија, в недела и Естонија, в среда, по што заминува од селекторска функција

„Мојата работа овде е завршена, откако ќе ги одиграме преостанатите два натпревари во Лигата на нации. Навистина е тажно што приказната заврши на ваков начин.“ – изјави Вајс.