Како вистинска бомба вчера одекна информацијата дека Гонзало Игуаин по заминувањето од Јувентус ќе заигра во Атлетик Билбао.

Настапот за овој клуб, кој прима исклучиво Баскијци, на Аргентинецот требаше да му го осигура неговото потекло. Имено, неговиот прадедо е Баскиец кој емигрираше во Аргентина.

Но, денеска стигна демантот на директорот на Атлетик, Рафа Алкорта, кој соопшти дека Игуаин сепак не ги исполнува условите и не може да игра за Атлетик.

Имаме јасни правила. За да некој потпише за нас треба да биде роден во Баскија или, пак, да поникне во Билбао и да ја мине нашата академија. Ако некој не ги исполнува овие услови, не му се важи ништо друго. Не знам дали тие правила ќе се менуваат, ама засега тие се на сила, такви какви што се“, рече Алкорта.

Договорот на Игуаин со Јувентус истекува на 30 јуни оваа година и тој ќе може како слободен играч да замине каде што сака.