Емануле Џакерини истакна дека е „невозможно е да се игра стилот на фудбалот на Маурицио Сари во Јувентус со Кристијано Роналдо.

„Бјанконерите“ го загубија првиот натпревар од осминфаиналето од  Лигата на шампионите од Лион со 1-0 и по седум месеци на клупата на Јувентус, Сари не успеа да ја наметне својата игра, попозната како Сарибол.

„Клубот направи изненадувачки избор со тоа што доведе тренер, кој го базира својот фудбал на брзо темпо на игра. Тешко е да се стори тоа во Јуве, пред сè, затоа што постои Роналдо, кој има свој начин на игра. Според мене Манџукиќ би бил идеален за тој начин на игра“– изјави  поранешниот играч на Јувентус и Наполи за ДАЗН.