Милан е во резултатска криза, екипата тешко постигнува голови, од Кжиштоф Пјонтек  се очекуваше многу сезонава но тој постигна само два гола.

Марко Џампаоло изјави дека има доверба во Пољакот, иако тој не игра на посакуваното ниво, сепак тренерот на Милан не размислува да го седне на клупата.

„Ако тој не постигне голови за Милан кој друг ќе постигне? “ – одговори Џампаоло на новинарско прашање дали размислува да го седне на клупата Пољакот.

Милан е во серија на три порази, се наоѓа на 16. место со само четири постигнати голови на шест натпревари, во 7. коло утре се среќава со Џенова на гости.