Борусија Дортмунд потврдија дека договорот на Емре Џан од Јувентус е целосно откупен. Германецот пред две седмици дојде во редовите на „милионерите“ и веднаш ги собра симпатиите на раководството на германскиот гигант.

Тој во  Борусија доје како позајмен играч со договор до јуни 2020 година и за тоа „милионерите“ платија 1 милион евра и имаа опција да го откупат договорот за 25 милиони, кои Борусија вечерва им ги инкесира на „Старата дама“.

26-годишниот германски репрезентативец во трите настапи за Борусија постигна еден погодок.