Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума кариерата ќе ја продолжи во Реал, тврди Le10sport. Според овој извор, во трансферот на 21-годишниот италијански голман заинтересиран е лично тренерот Зинадин Зидан.

Наводно, во Реал не се сигурни во постојаноста на својот прв голман Тибо Куртуа, па му бараат замена.

Од друга страна со голема сигурност може да се тврди дека Милан ќе сака да го продаде својот голман. Најпрво поради подобрување на финансиската ситуација, а потоа и како жртва на внатрешната пресметка во Милан, при што клубот ќе се ослободи од сите фудбалери на агентот Мино Рајола, кој е агент и на Донарума и кој жестоко ги критикува сопствениците на Милан.

За Донарума е заинтересиран и Јувентус, но тешко е да се поверува дека Милан ќе сака да засили италијански тим, свој директен конкурент.

.