Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо се соочува со казна од Бундеслигата поради истакнување на политички пораки на фудбалски натпревар.

Џејдон Санчо по хет-трикот на вчерашната средба со Падерборн, го соблече дресот и побара правда за Џорџ Флојд, убиениот Афроамериканец по што во моментов се случуваат големи протести во Америка.

Раководството на Бундеслигата најави санкции за овој потег на Санчо, но и за секој следен фудбалер кој ќе искористи спортски настан и ќе упати пораки со политичка содржина.