Некогашниот репрезентативец на Англија, Џејми Карагер смета дека Кристијано Роналдо не треба да има стандардно место во првите 11 на Манчестер Јунајтед, но сепак вели дека Ралф Рангник нема да си прави проблеми

„Рангник себеси нема да си прави проблеми, оставајќи го Роналдо како резерва. Но воопштено, не сметам дека е исправна идејата Кристијано ад биде стартер во секој меч и да не го менуваат до крајот на средбата. Можам да разберам зошто Керик не го стави во првите 11 против Челзи“– вели Керик.

Португалецот оваа сезона постигна четири гола во десет меча во Премиер лигата, а запиша и две асистенции.

„Кристијано повеќе не е она што беше. Тој има 36 години. Секако и понатаму постигнува голови за Манчестер Јунајтед, но не мислам дека неговото тргнување од стартната постава би требало да биде голема приказна“– додава Карагер.