Фудбалерот за врска на Лестер, Џејмс Медисон, најверојатно во иднина ќе го носи дресот на Манчестер Јунајтед, пишува Manchester Erevening News.

Според овој извор, 23-годишниот Медисон и самиот сакал да дојде во Јунајтед, но, засега ќе мора да ја почека понудата на својот сегашен клуб, кој размислува да го продолжи договорот со Медисон.

На листата на желбите на Манчестер Јунајтед е и играчот за врска на Астон Вила, Џек Грилиш.