Един Џеко синоќа стана првиот фудбалер кој на Манчестер Јунајтед им давал голови во три децении.

Првиот гол против славниот клуб од Олд Трафорд, Џеко го постигна на 30-ти септември 2009 година во Лигата на шампионите во дресот на Волфсбург. Подоцна му даде гол на Јунајтед и во реванш мечот во Волфсбург.

Од Волфсбург Един Џеко во 2011 година замина во градскиот ривал на Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити. Таму наредни четири години на два натпревари по два пати стрелаше на Олд Трафорд во лигашките пресметки, а еден гол постигна и во Комјунити Шилд на Вембли.

Синоќа прв пат постигна гол против Јунајтед во Лигата на Европа. Погоди за водство на Рома за 1:2, сепак на крајот неговиот тим изгуби 6:2.