Един Џеко го откачи Интер и го продолжи договорот со Рома на изненадување на многумина во Италија. Со ова пропадна шансата за доведување на нов напаѓач во Милано од Рим.

Сега Антонио Конте и Интер се во потрага и тоа итна по напаѓач кој ќе му прави „друштво“ на Лукаку во нападот.

Според „Sky“ Интер ќе оди на размена со Наполи, во фокусот е Полјакот Аркадиуш Милик кој е идеа на Конте и Марота. Икарди се чини и покрај тоа што се надева на пресврт по секоја цена ќе го напушти Интер.

Наполи за Икарди покрај Милик ќе треба да доплати одредена сума на пари што не е проблем за тимот од Неапол кој покажа голем интерес за Аргентинецот.