Италијанските фудбалски клубови Интер и Рома го договорија трансферот на босанскиот фудбалски репрезетативец Един Џеко.

Според инфорамциите од Италија Интер ќе ѝ плати на Рома десет милиони евра, а исто така „волчицата“ ќе го добие и младиот напаѓач Едоардо Верњани.

33-годишниот Џеко ја напушта Рома по 2015 година. Претходно, настапуваше за Манчестер Сити, Волфсбург, Усти Над Лабем, Теплице и Железничар.