Напаѓачот на Рома, Един Џеко е голема желба на Јувентус и Маурисио Сари. Тренерот на Јуве е во потрага по напаѓач, откако Игуаин по крајот на сезоната најверојанто ќе го напушти Торино.

Според, „Тутосспорт“ двата клуба се  преговори, со оглед на тоа што „Старата дама“ е заинтересирана и за младиот бек на Рома, Рикардо Калафиори.

Џеко, кој наполни 34 години во март годинава, има 17 голови и девет асистенции на 35 натпревари оваа сезона.