Един Џеко е практично играч на Јувентус, тој во Торино ќе дојде утре, лекарски прегледи се закажани за понеделник, прв тренинг ќе има веќе следниот ден.

Јувентус за Џеко кој има 34 години ќе плати 16 милиони евра, тоа е вкупната сума која нема да биде исплатена веднаш.

Џеко интересно во дресот на Јувентус ќе има шанса да дебитира во второто коло,  во оваа рунда „старата дама“ се среќава со Рома на „Олимпико“ во Рим на 27 септември, секако пред празни трибини.

Босанецот во Рома играше од 2015 година кога дојде во клубот од Рим како позајмен играч од Манчестер Сити.