Един Џеко одигра одличен натпревар во дербито против Лацио. Не постигна гол во победата на Рома од 2:0, но асистираше за првиот и изнуди црвен картон за противникот.

Заменет беше во последната минута, а доби стоечки овации од малиот број луѓе кои се собраа на стадионот.

„Сите знаеме дека ова не беше една од најдобрите сезони. Но дербито секогаш е деби, изгубивме во првиод дел од сезоната, сакавме да дадеме се сезоната да ја завршиме добро. Ни остана уште еден меч“– кажа Џеко за ДАЗН по натпреварот, па го прокоментира доаѓањето на Мурињо во Рим.

„Веќе донесе ентузијазам, Рома е тешка средина и не можеше да дојде подобар тренер.“

Рома со оваа победа се приближи до пласман во Конференциската лига, додека Лацио има сигурен пласман во Европа лигата, но дефинитивно останува без Лигата на шампионите.