Предводникот на Наполи, Џенаро Гатузо успеал во првичната намера да го задржи тимот и покрај желбата на дел од првотимците да го променат клубот во летниот преоден рок.

Според „Газета Дело Спорт“, Гатузо разговарал со Мертенс, Милик и Зиелински и тројцата се согласиле да останат во Наполи и покрај интересот за нив од клубови од Премиер лигата и од Бундес лигата.

Останува непознато дали оваа тактика на Гатузо ќе помине и кај Фабиан Руиз кој се поврзува со трансфер во Барселона.