Тимот каде што настапува Елиф Елмас ова лето ќе претрпи извесни промени, но само во ростерот не и во стручниот штаб.

Џенаро Гатузо наскоро ќе потпише нов договор со јуни 2023 година со плата од 1.6 милиони евра по сезона плус бонуси.

Италијанските медиуми најавуваат дека Наполи ќе биде активен на трансфер пазарот, по ангажманот на Осимхен од Лил, во клубот се очекува да пристигнат уште три нови засилувања.

Првата цел е замена за Каљехон чиј договор истече и напаѓачот нема намера на остане во Наполи.