13 натпревари во низа Рома е непоразена во дуелите со Џенова во Серија А. Фаворитот денеска на „Олимпико“ атакува на третата победа во низа против екипата која ќе истрча без Горан Пандев во составот.

Нашиот репрезентативен капитен добил поштеда од Балардини за пресметката со „Волчицата“ закажана за денеска од 12:30 во 26 коло од Серија А.

Џенова последен пат ја победи Рома на 18 мај во 2014 година со 1:0.