Италијанскиот прволигаш Џенова денеска официјално го претстави својот нов дрес за сезоната 2020/21, а за промоцијата го искористи дресот со број 19 на својот најдобар стрелец сезона Горан Пандев.

37-годишниот капитен на македонската репрезентација беше меѓу најзаслужните што Џенова сезонава избори опстанок во Серија А, по што Пандев и официјално соопшти дека останува верен на италијанскиот прволигаш и во следната сезона.