Џенова има 14 позитивни на Ковид-19, дел се играчи, има од стручниот штаб, од клубот тврдат дека ги почитувале сите протоколи.

Претседателот на клубот, Енрико Прециози во изјава за медиумите тврди дека клубот нема никаква вина за хаосот кој се случува во моментов.

„Ние ги почитувавме сите протоколи, се што беше потребно превземавме во рамки на превенцијата, но некогаш не е се во наши раце. Утре ќе соопштиме детали, има проблеми и со тестовите“ – изјави Прециози.

За македонската спортска јавност има две дилеми, дали Пандев е меѓу заразените, и секако Елмас, двајцата се клучни играчи во составот на националниот тим пред дуелот со Косово во октомври.