Менаџерот на Астон Вила Стивен Џерард, истакнува дека е потполно посветен на новиот клуб и дека не размислува ни за една друга работа во иднина.

„Ќе направам се што е во моја моќ овде да бидам успешен. Посветен сум 100 проценти, како и целиот мој тим“– истакна некогашниот капитен на Ливерпул.

Многумина доаѓањето на Џерард на клупата на тимот од Бирмингем, го гледаат како чекор до клупата на Ливерпул. Тој за тимот од Енфилд има одиграно 710 меча и постигнал 186 голови. Освои осум трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите во 2005-та година.

„Сите знаат дека моите чувства кон Ливерпул. Меѓутоа, нефер е да се каже дека ова за мене е само една станица на патот кон Ливерпул. Тоа не е точно. Ниту еден момент не размислувам за клупата на Ливерпул. Горд сум што сум на чело на Астон Вила и ќе направам се да оствариме добри резултати“– истакнува Џерард.