Победа како оваа против Брајтон од 2:0 се „лековито средство“ за Стивен Џерард, кажана прес конференција новиот тренер на Астон Вила. Со головите на Оли Воткинс и Тејрон Минг, клубот од Бирмингем ја прекина серијата од пет порази во серија.

Поранешниот капитен на Ливерпул, кој за овој клуб одигра повеќе 700 натпревари од 1998-та до 2015-та година, блескаше од среќа после победата во својот прв меч на клупата на Астон Вила.

„Секогаш сум бил и ќе продолжам да бидам искрен и коректен. Акој некој се сомнева во мојата страст кон фудбалот, нека ја види мојата реакција по головите. Таа е вистинска и искрена. Го сакам фудабалот, тој е мој лек“- изјави Џерард.

„Во текот на мечот се обидувам да ги контролирам емоциите, но секогаш ја поместувам ногата и упатувам шут, кога би требало тоа да го направат моите играчи на теренот. Ја сакам тренерската работа, сакам да им помагам на играчите и да им давам насоки, но мразам да изгубам. Против Брајтон имавме и не баш толку добро моментри, но мечот заврши дбор. Имаме на што да работиме и мислам дека со време ќе бидеме се посилни и посилни.“