Тренерот на Ренџерс Стивен Џерард ги повика навивачите да уживаат во успехот на клубот, но и да ги почитуваат мерките врзани со сузбивање на ковид 19 вирусот.

„Полицијата и Владата дадоа насоки, па мислам дека важно да се обидеме да ги почитуваме. Сакам навивачите да уживаат. Очигледно работите се променија од последниот пат во март, сега ви е дозволено да излезете надвор. Но мислам дека е важно да останете на сигурно, да ги почитувате мерките и да се дистанцирате“- вели Џерард.

Ренџерс во сабота ја дочекува екипата на Абердин, во меч од последното коло во шкотската Премиер лигата, а претходно уште во март ја освои титулата во првенството до 2011 година.

На тој меч ќе биде врачен трофејот, а според информациите се очекува доаѓање на голем број фанови на стадионот Ајброкс.

Владата на Велика Британија порано соопшти дека од 17 мај ќе биде дозволено присуство на трибините до 10.000 навивачи, а до тогаш на сила ќе бидат досегашните мерки во борба против пандемијата со коронавирусот.