Швајцарскиот репрезентативец Џердан Шаќири вели дека е задоволен во Ливерпул.

„Иако немам голема минутажа, јас сум среќен во Ливерпул. Овде имам одреден статус, бидејќи сум еден од најискусните фудбалери. Се чувствувам како еден од лидерите во тимот“.

Во тековната сезона тој настапи на само 6 средби и постигна еден гол.