Фудбалерот на Бока Јуниорс и репрезентативецот на Аргентина Кристијан Павон е новиот фудбалер во редовите на ЛА Галакси, тимот каде што настапува Златан Ибрахимовиќ.

Павон во следните 18 месеци за тимот од САД ќе игра како позајмен играч. Аргентинецот пред извесно време се споменуваше со можен трансфер во Арсенал, но поради лошата форма ќе мора да се задоволи со играње во МЛС лигата.