Наполи, наводно, започна преговори со фудбалерот на бразилски Гремио, Евертон, кој многу веројатно конечно на лето ќе го напушти родниот Бразил.

Двата клуба допрва треба да започнат конкретни преговори, а јужноамериканскиот клуб нема намера да го продаде Евертон за помалку од 25 милиони евра. Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис според „Ил Кориере дело Спорт“, сака да ја спушти цената за Бразилецот.

Според последните информации, сепак Гремио му даде дозвола на својот фудбалер да преговара околу својата иднина.