Напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин конечно се врати во Италија, откако мина скоро два месеци во родната Аргентина.

Игуаин беше забележан како слета во Торино попладнево, а наскоро ќе помине на медицински тестови во „Ј Медицина“ и ќе мора да биде две недели во самоизолација.

Тој изминатиот период беше во центарот на фудбалската јавност во Италија, откако излегоја шпекулации дека нема да се врати во тимот на Јувентус, а најголема причина беше неговата мајка која има здраствени проблеми и за која е загрижен поради пандемијата од Коронавируост.

Ривер Плата  исто така не ја криеше желбата да го врати својот поранешен херој на „Монументал“, каде „Пипита“ ја започна својата кариера.