Матајс Де Лихт, вториот најскап дефанзивец на сите времиња, порача дека за разлика од многу други фудбалери, не го интересираат скапата гардероба и автомобилите.

Де Лихт, кој за Јувентус потпиша во 2019-та година, кога клубот за него му плати на Ајакс 85 милиони евра во интервју вели дека сака да се концентрира на својата игра, а не на изгледот.

„Јас сум Матајс, јас сум свој и нема да ме видите на тренинг да одам во скроено одело. Мојата професија е фудбалер и сакам да бидам ѕвезда на теренот. Понекогаш во соблекувалната ми се смеат поради она што го носам, но не ми е фајле. Се додека добро се чувствувам во тоа, добро мие. Најважно е како ќе се однесувам на теренот. Тогаш луѓето повеќе ќе те почитуваат отколку ако носиш скапа гардероба. Ги почитувам добрите играчи кои сакаат да изгледаат добро и имаат доста скапи спортски автомобили, но не мораме сите да бидеме исти“– вели 21 годишниот Холанганец.

Говори и за разликата од играњето во Холандија и Италија.

„Во Холандија бев смао дете кое игра фудбал. Во Италија фудбалерите се посебна друштвена класа. Ми се допаѓа што ме ценат во Италија, но ми беше убаво и да одам по Холанија, а да не ми приоѓаат толку луѓе.“