Манчестер Сити победи со 1:2 на гостувањето кај ПСЖ во првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите. Парижаните водеа со голот на Маркињос, но пресврт донесоа Кевин Де Брујн и Ријад Марез.

Во една ситуација играчот од средниот ред на Марко Верати направи прекршок, а Пеп Гвардиола тргна да им кажува на судиите да му дадат жолт картон. Верати тоа го слушна, по што му одговори на шпански јазик.

„Што сакаш ти? Замолчи“– распали Италијанецот, а се тоа беше снимено од микрофоните.

Реваншот се игра во вторник од 21 часот на Етихад.