Капитенот на Ватфорд Трој Дини одби да им се врати на тренинзите кои започнаа вчера. Како што вели тој нема никаква врска со парите, туку единствена причина за оваа одлука е здравјето на неговиот син кој има пет месеци.

Треба да се вратиме на тренинзите, реков дека не сакам. Нема тоа со финансиите, кога би ги кажал сите детали во мојата ситуација би рекле дека не е проблем што не тренирам. Мојот син има пет месеци и има проблеми со дишењето. Не сакам да дојдам во куќата и да го загрозам уште повеќе“- изјави Дини.

Од вчера премиерлигашите започнаа со тренинзи по групи од по пет фудбалери и максимална социјална дистанца. Исто така, тренинзите се наделедувани од инспекции и видео надзор.