Советите од Буфон и критиките од Роналдо (за посериозен пристап за време на натпреварите) не донесоа резултат кај дел од играчите на „Старата Дама“ и поради ова, во работата на Сари морал да директно да се вмеша претседателот на Јувентус, Андреа Ањели.

Според медиумите од Италија, Ањели опоменил неколумина од првотимците кои во следните два месеци ќе мора да ја вратат формата или клубот ќе бара нивна замена во летниот преоден рок.

По поразот од Верона, на листата на Ањели се нашле: Пјаниќ, Бернардески, Даглас Коста, Алекс Сандро и Гонзало Игуаин.

Во меѓувреме се погласни се шпекулациите дека Сари нема да го дочека крајот од сезоната а како главен кандидат се издвојува Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер Сити.