Преговорите меѓу челниците на ПСЖ и играчите за намалување на платите завршиле без договор. Играчите одбиле да учествуваат во финансискиот план за регулирање на трошоците во време на кризата предизвиката од Ковид-19.

Претсетаделот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи и спортскиот директор Леонардо биле разочарани но оставиле простор за работите да се променат. Според „Л`Екип“ Тиаго Силва и Маркињос ги застапуваат играчите и засега нема заедничко решение.

Нејмар и Мбапе ја предводат листата на најплатени, Бразилецот заработува 600 000 фунти неделно односно 2,6 милиони фунти месечно, додека Французинот има плата од 375 000 фунти неделно, месечно на неговата сметка легнуваат 1,6 милиони фунти.