Според информацијата на Daily Star, Манчестер Јунајтед ова лето планира да го купи играчот на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо.

Оваа идеја ја одобри и извршниот директор и потпретседател на клубот Ед Вудворд, што на сета работа и дава дополнителна сериозност.

Единствената пречка е трасфер-цената на Санчо, бидејќи Борусија бара најмалку 120 милиони фунти.